Во Филаделфија во петокот утрото експлодираше локалната рафинерија. Водителот Мет О’Донел пренесе дека првата експлозија одекнала околу 3 и 20 часот по локално време, по што се слушнале уште неколку експлозии.

Пожарот избувнал во рафинеријата  која се наоѓа на југот од градот. Сите служби се на терен, а не е познато дали има повредени во несреќата.

Градските власти ги затвориле патиштата во околината на рафинеријата како би се заштитиле возачите, но и би се овозможил пристап на пожарникарите до пожарот.

Првата експлозија се слушнала во 3 часот и 20 минути по локално време, пишува ЕнБиСи. Снимката од пожарот се прошири по друштвените мрежи.

„Ја почувствував топлината на експлозијата низ автомобилот“, напиша еден сведок на случувањето кој се возел по околниот пат.


Други јавуваат дека им се треселе прозорците на зградите.