Во Филаделфија во петокот утрото експлодираше локалната рафинерија. Водителот Мет О’Донел пренесе дека првата експлозија одекнала околу 3 и 20 часот по локално време, по што се слушнале уште неколку експлозии.
Пожарот избувнал во рафинеријата која се наоѓа на југот од градот. Сите служби се на терен, а не е познато дали има повредени во несреќата.
Градските власти ги затвориле патиштата во околината на рафинеријата како би се заштитиле возачите, но и би се овозможил пристап на пожарникарите до пожарот.
#BREAKING: Viewer captures the explosion that turned into a 3-alarm fiery blaze as it was happening at the refinery on Passyunk Ave
🎥:@1nicetownbean pic.twitter.com/SV2TmYKlzf
— FOX 29 (@FOX29philly) June 21, 2019
Првата експлозија се слушнала во 3 часот и 20 минути по локално време, пишува ЕнБиСи. Снимката од пожарот се прошири по друштвените мрежи.
„Ја почувствував топлината на експлозијата низ автомобилот“, напиша еден сведок на случувањето кој се возел по околниот пат.
Just witnessed this explosion heading to Philly airport.. praying no one was hurt pic.twitter.com/S0fcN50HaT
— Jonathan Triboletti (@JonnyTriBBz6) June 21, 2019
Други јавуваат дека им се треселе прозорците на зградите.
Comments are closed for this post.