Неделава пред Големата порота на Мисисипи, САД, се наоѓа случајот со многуте убиства кои ги починил Самјуел Литл (78). Осуден е за три убиства и за секое добил по една доживотна казна. Но, тоа што сега самиот го признава и тоа што го открива ФБИ, Литл го става најверојатно во рангот на најголемиот сериски убиец за кој се знае во американската историја.

Случајот со Литл (во превод „Мал“) почна повторно да се одмотува во пролетта 2018 година. Тој е во затвор во Тексас, болен од дијабетес, во инвалидска количка и веројатно си мислел дека и така же заврши неговиот живот во затворките четири ѕида. Но агентите на ФБИ ги следеле неговите движење и сега доаѓаат до нови отрктија. Откритија кои се запрепастувачки и кои Литл ќе треба да ги објасни.

Тој е роден во државата Џорџија и уште од мали нозе (16) почнал со криминланите дејанија. Само што ќе излезел од затвор повторни бил затвора – оружени грабежи, тепачки, силувања….апсен 26 пати во 11 држави. Сепак, офицерите на ФБИ освен овие криминлани дела откриле и негова ДНК на три тела, убиства сторени во раните 1980. Имало цврсти докази за тие убиства и тој е осуден во 2014 година.

Меѓутоа големиот пресврт настанува во пролетта 2018 кога стариот затвореник сакал да се исповеда, со надеж дека ќе биде преместен во друг помирен затвор. И почнал да ги реди: убиство во Џексон, Мисисипи-1, Синсинати-1, Финикс, Аризона-3, Лас Вегас-1…Вкупно тој ден Литл набројал 90 убиства!

До сега ФБИ потврдила 34. Повеќето од убиствата Литл ги извршил во периодот од 1970-1980, кога тој и бил апсен, но за сеосема други дела. Тој главно напаѓал ранливи жени, најмногу проститутки, чии тела честопати и не биле идентификувани. Тој бил боксер, па затоа ги користел и боксерските техники – со силни удари ги онеспособувал жртвите, а потоа најчесто ги давел. Немало оружје, немало ножеви или пиштоли кои би биле некаква солидна трага по него.

И, за чудо, Литл се сеќава на повеќето од жртвите, помага во описите тие да се нацртаат, се сеќава на местата, на автомибилите..се што може да помогне во идентификацијата на жртвите. Тој дури и се смеел додека ги кажувал неговите гфрозоморни убиства. За време на испитувањето тој не искажал ниту грам жал за се што сторил.

„Верувале или не, вие во вашата кариера го гледате злото неколку пати. Гледав во неговите очи и си мислите:ова е вистинско зло“, изјавил за „Њујорк тајмс“ детективот Тим Марсија.