На Малта уапсени се и приведени српските државјани Виктор М.(39) и Владимир П.(26), како и Милица К.(29), која има француско државјанство по вооружениот грабеж кој се случил во куќа на Холанѓанецот (42)

Холанѓанецот поради тешки повреди заврши во болница, а во болница заврши и жената бидејќи како што изјавила доживеала голем шок. Полицијата само неколку минути подоцна го уапсила крадецот – јавуваат медиумите.

Сепак, вчера дошло до филмски пресврт додека полицијата и ставила лисици на француската државјанка Милица К., која е осомничена дека го изневерувала партнерот. Инаку, при грабежот од кој крадците однеле плен вреден околу 2.300 евра, и таа била врзана и глумела дека е шокирана и исплашена.

-Истрагата покажа дека жената која живеела во станот со Холанѓанецот всушност била соучесник и дека имала договор со двајцата осомничени мажи да го ограбат нејзиниот партнер, кој за време на драмата во станот бил тешко ранет со нож.