САД ја предупредија Русија за посетата на американскиот претседател Џо Бајден на Украина „неколку часа пред неговото заминување“ за да се избегне каков било конфликт, изјави советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан.
– Ги предупредивме Русите дека претседателот Бајден ќе отпатува во Киев. Тоа го направивме неколку часа пред неговото заминување – изјави Саливан.
Саливан, кој исто беше во Киев, рече дека поради „чувствителната природа на таа размена“ не сака „да навлезе како тие реагирале или што точно е“ американската порака.
Comments are closed for this post.