Филипинскиот суд ја осуди поранешната прва дама, Имелда Маркос, за политичка корупција и издаде налог за нејзино апсење.

За 89-годишната Маркос судот изрече казна затвор во траење од шест до 11 години поради проневера на околу 200 милиони долари преку швајцарска фондација во текот на 70-тите години од минатиот век.

На денешното судско рочиште не присуствуваше ниту Маркос ниту кој било нејзин претставник.

Имелда е сопруга на поранешниот филипински претседател Фердинанд Маркос, кој беше соборен од власт во 1986, а почина во 1998 година.