Најмалку пет лица, меѓу кои и еден полицаец, загинаа денеска, кога автобус влета меѓу автомобили и мотицикли на прометна улица во кинескиот град Лонџан.

Инцидентот се случил кога маж под закана со нож украл автобус и потоа со возилито намерно се залетал кон улицата, удирајќи повеќе автомобили и мотоцикли. По ова, полицајци успеале да го совладаат мажот и да го уапсат.

Властите соопштија дека при инцидентот се повредени најмалку 21 лице.

Причините и мотивите за постапката на мажот, чиј идентитет не е соопштен, засега не се познати. Полицијата поведе истрага за случајот.