Непознати лица ја нападнале зградата на Министерството за надворешни работи на Либија во Триполи, соопшти ТВ-каналот Ал Арабија, повикувајќи се на очевидци. Нападот го извршиле терористи-камикази и притоа четири лица загинале, а петмина се ранети.

Во нападот учествувале шестмина терористи од кои тројца биле камикази. Според информациите, при нападот загинал раководителот на одделот за исламска соработка.

По експлозијата во Министерството, друг терорист фрлил бомба во влезот на зградата по што започнала престрелка. Притоа, специјалците убиле еден од терористите, кој на своето тело имал поставено експлозив.

Реонот околу Министерството е блокиран. Операцијата продолжува. На еден од горните катови на објектот има пожар, што се шири кон останатите катови. Неколку автомобили во непосредна близина се опожарени.