Поранешниот соработник во Националната безбедносна агенција (НСА) Едвард Сноуден, кого го бара Вашингтон, рече денеска дека поднел барање за руско државјанство, откако добил постојан престој во Русија каде се наоѓа од 2013 година.

Сноуден (37) објасни преку Твитер дека барал да го задржи и своето американско државјанство што е мажно по неодамнешната промена на рускиот закон за државјанство и имиграција.

Тоа барање следуваше само неколку дена откако неговата партнерка Линдзи Милс објави дека е бремена.

После година дена одвоеност од нашите родители мојата сопруга и јас немаме никаква намера да бидеме одвоени од нашиот син“, објави Сноуден на Твитер. Исто така објасни дека тој и неговата сопруга сакаат да останат Американци да го воспитуваат својот син „во склад со американските вредности кои ги сакаат, посебно слободата на изразување“.