Осомничените за убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги денеска првпат се појавија пред судот во Ријад, објавија државните медиуми.
Обвинителите бараат смртна казна за пет од 11 осомничени лица, кои денеска беа присутни на судското рочиште. Засега не се наведуваат имињата на осомничените.
Кашоги е убиен на 2 октомври во саудискиот конзулат во Истанбул. Тој пишуваше колумни за весникот „Вашингтон пост” во кои го критикуваше саудискиот престолонаследник Мухамед бин Салман.
Телото на Кашоги се уште не е пронајдено.
Comments are closed for this post.