Во срцето на забранетата зона на Чернобил се уште има радиоактивен објект, наречен „слонова нога“, кој е смртоносен и може да ги убие оние кои ќе се охрабрат да му се доближат само на неколку секунди, тврди The Sun.

Тој претставува маса од радиоактивен материјал, формирана по атомската катастрофа во 1986 година. Украинските спасувачки служби го откриле токсичниот објект, што е висок 3,048 метри, во просторија под експлодираниот четврти реактор. Набргу потоа откриле дека морничавата црна лава истекла директно од срцевината на реакторот.

Според податоците, растопениот бетон и песок зрачат доволно радијација за да можат да убијат човек за 300 секунди. Изложување на зрачењето само за неколку минути може да предизвика внатрешно крварење, повраќање, диареја и мачна смрт.