Во вториот круг од претседателските избори во Украина, до 11 часот по локално време, одѕивот на гласачите изнесува едвај 7,93%, јавуваат агенциите. Во полицијата, пак, за истиот временски период биле регистрирани 152 нарушувања на изборниот процес.

Во изборната трка учествуваат досегашниот актуелен претседател Петро Порошенко и водечкиот од првиот круг Володимир Зеленски. Анкетите покажуваат дека Зеленски има поддршка од 70% од граѓаните, а Порошенко од 20.

На изборите нема да учествуваат меѓу 7 и 10 милиони граѓани на Украина, кои ѓивеат во проруските одбласти на Донбас.