Бриселската полиција утрово соопшти дека открила и спречила „ковид оргија“ во кафуле во центарот на градот, помеѓу учесниците повеќе европски дипломати и еден европратеник, јави дописничката на МИА од Брисел.
Дваесет и пет лица учествувале во оргијата во кафуле близу полициската станица во центарот на градот, информираа властите.
Идентитетот на европските дипломати како и идентитетот на пратеникот од Европскиот Парламент не се откриваат од страна на полицијата, но познато е дека пратеникот се обидел да побегне кога влегла полицијата во објектот.
Според весникот ДХ, кој ја обелодени информацијата, полициски извор изјавил „налетавме на огромен генг бенг“.
Пронајдени се алкохол, дроги, а сите присутни се казнети.
Comments are closed for this post.