Силна експлозија се случи во окупираниот украински град Бердјанск, кој се наоѓа на брегот на Азовското Море, пренесува Киев Пост.
Твитер профилот OSINTdefender наведува дека експлозијата се случила во фабриката Азовкабел, за која Украинците тврдат дека руските сили ја користат како нивна база, пренесува Јутарњи лист.
OSINDefender, исто така, шпекулира дека експлозијата била предизвикана од удар со новата крстосувачка ракета Storm Shadow, која неодамна е во арсеналот на украинските сили.
⚡️Loud explosions reported in temporarily Russian-occupied #Berdiansk, #Zaporizhzhia Region. pic.twitter.com/KUiKygwQyt
— KyivPost (@KyivPost) May 25, 2023
Според објавите на социјалните мрежи, украинските сили уништиле три моќни ракетни системи С-300 во Бердјанск.
Украинските вооружени сили тврдат дека вчера уништиле голем руски воен брод во пристаништето Бердјанск. Пристаништето, неодамна окупирано од руските сили со неколку руски воени бродови, беше потресено од серија силни експлозии. Видеата на социјалните мрежи покажаа пожари кои беснеат на пристаништето, со серија секундарни експлозии што одекнуваат низ градот.
Украинските сили го нарекоа бродот Саратов. Во претходните извештаи, бродот беше нарекуван Орск. „Во оперативната зона Азов, според ажурирани информации, големиот десантен брод Саратов бил уништен за време на нападот на окупираното пристаниште Бердјанск. Оштетени се и големите десантни бродови Цезар Куников и Новочеркаск. Се разјаснуваат другите непријателски загуби“, соопшти Украина.
Comments are closed for this post.