Силни бури проследени со ветер, грмотевици, град и поројни дождови зафатија делови од северна Италија и Швајцарија.

Во швајцарскиот кантон Нојшател едно рекиче се излеало од своето коирот и носело пред себе се, меѓу другото и десетина авотмопбили. Неколку возачи биле заглавени во нивните автомобили, но биле спасени. Полицијата соопшти дека четири лица биле повредени.

Во Домбресон улиците биле еден метар под вода.

Торино и Милано се двата града кои од вчера се зафатени со силни бури, при што многу улици биле поплавени. Метеролозите објавија дека годинава во земјата биле регистрирани 124 бури проследени со врнежи од град, што е за 88 проценти повеќе отколку лани.

Инаку за Италија е највен топлотен бран кој ќе донесе температури од 40 Целзиусови степени.