Девет лица загинале во авионска несреќа што се случила ноќеска на Хаваи, објави „Фокс Њуз“.

Мал двомоторен авион од типот „Кинг Ер“ се урнал во близина на аеродромот Дилингам на островот Оаху, по што се запалил и целосно изгорел.

Хавајското Министерство за транспорт објави дека загинале сите патници и членови на екипажот.