Дан Елиасон, првиот човек на шведската Агенција за вонредни ситуации, се соочува со жестоки критики од јавноста поради тоа што за време на Божиќнните празници отпатувал на Канарските острови.
Нешто претходно, пред крајот на декември минатата година, Елиасон побара Швеѓаните во овој период да ги избегнат патувањата, за потоа самиот да биде фотографиран на аеродромот во Лас Палмас на Канарските острови.
Тој подоцна се бранеше дека патувањето било неопходно „поради семејни причини“, односно поради тоа што неговата ќерка живее на Канарските острови, пренесува „БиБиСи“.
Го прославив Божиќ со мојата ќерка и нејзиното семејство, изјави Елиасон за шведскиот дневен весник „Експресен“.
Во Шведска од почетокот на пандемијата се потврдени 437 илјади случаи на коронавирус, а како последица на вирусот починаа 8,700. Овие бројки се далеку повисоки во однос на останатите скандинавски земји и најверојатно се должат на шведската стратегија за благи рестриктивни мерки.
Comments are closed for this post.