Шведските обвинители денеска разгледуват дали да отворат прелиминарна истрага за обвинувањата за силување против ко-основачот на Викиликс, Џулијан Асанж.  Во 2010 шведските обвинители наложија негово апсење откако две жени го обвинија за силување и малтретирање, но ја прекинаа истрагата по неуспешни обиди за негова екстрадиција во Шведска.

Асанж помина седум години во амбасадата на Еквадор во Лондон, пред Еквадор да го повлече својот азил минатиот месец. По ова, Асанж беше осуден на 50 недели затвор во Велика Британија откажувајќи се од кауција за да не биде екстрадиран во Шведска.

Шведското обвинителство во 2017 година соопшти дека истрагата ќе продолжи ако Асанж стане достапен на органите. Откако беше соопштено дека тој е во затвор, бранителот на жртвите на силување побарал продолжување на шведската истрга.

Шведска поднесе меѓународна потерница за апсење на Асанж, а британските судови одлучија да го предадат на Шведска во 2011 година. Но, азилот во амбасадата на Еквадор во Лондон ја спречија екстрадицијата.

Асанж, исто така, е обвинет во САД за заговор за “извршување на компјутерски напад”, помагајќи му на поранешниот аналитичар на разузнавачката служба на САД, Челзи Менинг, “да крекира лозинка” за пристап до класифицирани документи.