Германското списание „Шпигел“, кое прво ги објави обвиненувањата дека Кристијано Роналдо силувал девојка во Лас Вегас 2009 година, информира дека „нема причина“ за сомнеж во автентичноста на клучните документи за случајот.
Адвокатите на фудбалерот на Јувентус пак во средата обвинија дека документите се „целосно фабрикувани“.
Сепак, германскиот мегазин е убеден во веродостојноста на своите извори.
Имаме стотици документи од различни извори, кои ги потврдуваат нашите статии. Стоиме зад нашите откритија. Немаме причина да веруваме дека овие документи не се автентични, соопшти германскиот весник.
„Шпигел“ додава дека во статијата се цитираат две верзии на документ со изјави од Роналдо. Се работи за извештај кој доаѓа од неговите адвокати и ја опишува ноќта во која се случило наводното силување.
И во двате верзии се вели дека тој се извинил веднаш потоа. Во подоцнежна верзија на овој извештај, Роналдо ги негира обвинувањата за силување и негира дека и се извинил на Мајорга. Кога објавивме статија за договорот меѓу двајцата во 2017, неговите советници го нарекоа „новинарска измислица“. Сега господинот Роналдо признава дека се договорил, велат од „Шпигел“.
Еден од адвокатите на Португалецот се заканил со тужба, поради „нарушување на личните права на Роналдо“.
Сè уште не сме добиле ништо, додава „Шпигел“.
Comments are closed for this post.