Премиерот на Шпанија, Педро Санчез, денеска изјави дека неговата влада размислува да ги ограничи собирите на Божиќните прослави на шест лица, во обид да го намали ширењето на пандемијата на коронавирус.
Тоа не е бројка што ја извлековме од никаде“, рече Санчез на прес-конференцијата со италијанскиот колега Џузепе Конте во Мајорка.
Ова е бројка за која здравствените експерти, научниците, ни рекоа дека е доволно строга и ограничувачка за да спречи ново избувнување на болеста“, рече Санчез.
За ограничувањата ќе се дискутира во разговорите со регионалните власти, што значи дека сепак може да се направат некои измени.
Некои лидери на регионалните кризни штабови, вклучително и оние во Каталонија и Мадрид, заговараат помалку ограничена граница и бројка од 10 лица за празничните собири.
Во Шпанија, ширењето на пандемијата забавило во последниот месец, но вкупниот број од 1,6 милиони случаи на инфекција е втор по големина во Европа, по Франција.
Уште 537 лица починале во текот на претходниот ден, со што вкупниот број на жртви достигнал 43.668, најголемо зголемување на денот во вториот бран на пандемијата.
Comments are closed for this post.