Властите го усвоија предлогот на левичарската партија „Мас Паис“ со кој се дозволува компаниите да експериментираат со скратено работно време.
Шпанија може да стане една од првите земји во светот која ќе воведе четиридневна работна недела откако властите се согласија да воведат тест период за компаниите кои сакаат да ја имплементираат идејата.
Претходно годинава, малата левичарска партија „Мас Паис“ соопшти дека владата го прифатила предлогот за тестирање на идејата. Оттогаш биле одржани многу разговори на темата, а идната средба се очекува да се одржи месецов.
Со работната недела од 32 часови ја започнуваме вистинската дебата на нашето време. Тоа е идеја на која ѝ е дојдено времето, изјавил политичар од „Мас Паис“ на „Твитер“.
Од Нов Зеланд до Германија, идејата почнува да станува популарна и во светски рамки. Предложена како мерка за зголемување на продуктивноста, подобрување на менталното здравје и чекор во борбата за климатски промени, скратеното работно време доби на важност поради пандемијата и проблемите како прегореноста, баласот на работа и приватен живот и севкупната добросостојба на човекот.
Левичарските партии во Шпанија беа едни од предводниците на 44 дневниот штарјк во 1919 година, што резултираше со тоа Шпанија да биде една од првите земји во западна Европа која ја воведе осумчасовната работна недела. Тие повторно бараат промена на ова поле.
Шпанија е една од земјите каде работниците работат повеќе од европскиот просек. Но, ние не сме една од најпродуктивните земји. И понатаму останувам на ставот дека повеќе работни часови не значат продуктивност, истакнал Ерехон од „Мас Паис“.
Крајните детали за воведувањето на скратеното работно време остануваат да бидат договорени со владата, а пробниот период предвидува тригодишен проект за кој се вложени 50 милиони евра, кој ќе им дозволи на компаниите да го тестираат скратеното работно време со минимален ризик.
Со овие бројки, пресметавме дека учество во пробниот период ќе имаат околу 200 компании, односно 3.000 до 6.000 работници. Единствените услови кои ги поставивме е да видиме вистинско намалување на работните часови без намалување на платите и отпуштање на работниците, додал Хектор Техеро од „Мас Паис“.
Техеро истакнал дека тест периодот би започнал во есен, додавајќи дека ова е првата национална иницијатива за намалување на работното време, откако Франција во 1998 година започна иницијатива за работна недела од 35 часа.
Шпанија е првата земја која ќе започне експеримент од оваа големина. Ваков проект засега не е отпочнат никаде во светот, додал Терехо.
Од „Мас Паис“ истакнале дека тест периодот ќе биде предводен од група експерти, а вклучени ќе бидат и владини представници, представници од работничките синдикати и бизнис секторот. Сите тие ќе ги анализираат постигнатите резултати.
Извор: Guardian
Comments are closed for this post.