Сериозни проблеми во конструкцијата се откриени во црквата Нотр Дам во Париз откако се направени длабински испитувања по страотниот пожар на 15 април. Експерти тврдат дека катедралата може да падне доколку ја удри ветер од околу 80 километри на час!
Уништувањето на една од најпознатите цкви во светот го шокираше светот на 15 април. Пожарот, кој го гасеа 400 пожарникари, многу брзо го зафати покривот на еден од заштитините симболи на Париз, и притоа целосно го уништи. Камениот дел од објектот како и двете камбанарии беа спасени, но проценката на инжењерите открива големо оштетување на целата катедрала чии ѕидови се значително ослабени. Тие можат да се урнат доколку ги зафати силен ветер.
Според инжењерот за статика од Универзитетот во Версај, Паоло Ванучи, целата зграда може да колабира на ветер со јачина од 80 километри на час. Пред пожарот, катедралата можела да издржи налет од 280 километри на час.
Сега проблемот на конструкцијата претставува голема загриженост за експертите и тие сметаат дека целта која ја најави претседателот Емануел Макрон, Нотр Дам да се обнови за 5 години, најверојатно нема да може да се оствари.
„Копјето“ кое во пожарот целосно изгоре и се урна во пеплиште, имаше улога да ја зацврсти целата конструкција, а сега таа потпора е загубена, па со тоа и целата конструкција е ослабена.
Сега, според Ванучи, најважна работа ќе биде да се зајакне и да се реставрира целиот систем на зградата.
Comments are closed for this post.