Папата Франциск за прв пат во историјата именуваше жена во едно од клучните ватикански одделенија, основано пред повеќе од 50 години, а таквиот потег како значаен напредок беше поздравен од женските католички здруженија.

Три чесни сестри и една калуѓерка именувани се за советнички во Канцеларијата на синодот за црквени конференции, орган кој ги подготвува најважните состаноци на светските бискупи.

Синодот, бискупскиот собир во 1965 година како репрезентативен и светодавен орган на Католичката црква го основал папата Павле VI. Портпаролот на Ватикан изјави дека ова се првите женски членови во историјата на Синодот.

Две од четирите жени се калуѓерки, сестра Алесандра Смерили, професорка по економија и Сесилија Коста, професорка по социологија. Со нив се и сестра Марија Луиса Берсоза Гонзалес од Шпанија и сестра Натали Бока од Франција.