Грчкиот министер за одбрана, Пано Каменос, е во Москва на разговори со неговиот домаќин Сергеј Шојгу, посета која се оценува како чекор кон затоплување на меѓусебните односи по летното дипломатско заладување кога и двете страни си протераа повеќе дипломати.

Оваа посета е претходница на она што ќе биде вистински знак на подобрување на односите и веројатно враќање на довербата меѓу Москва и Атина – посетата на Русија на 7 декември од страна на грчкиот премиер Алексис Ципрас.

Колку и да сакаше Каменос да испрати убави тонови и пораки од Атина, Шојгу јасно стави, до знаење дека работите чкрипат. Според медиумските извештати, Шојгу рекол дека „Москва со претпазливост и загриженост го следи зајакнатото влијание на САД и НАТО во Грција“.

Каменос, пак, рекол дека она што се случувало изминатите месеци е минато и пренел дека внимание треба да и се посвети на билатералната соработка.

Шојгу како клучно прашање го потенцирал најавеното повлекување на САД од договорот за забрана за ширење на проектилите од среден дострел, што, според Москва може да предизвика тензии и руска реакција.

Каменос подвлекол дека не треба да се заборави дека двете земји одбележуваат 190 години билатерални дипломатски односи, а притоа како особено важно го подвлекол делењето на заедничките вредности повзрзани со православието.

Заедно можеме да ги решаваме проблемите во поширокиот регион на Балканот – рече Каменос.