Шефот на кабинетот на германската канцеларка Ангела Меркел предуреди дека во Германија врвот со корона вирусот не е достигнат.

Според Хелге Браунм најголемите инфекции се пред нас и оти властите треба да се спремат за она што доаѓа.

Мерило за продолжение или олабавување на рестриктивните мерки кои се воведени за сузбивање на епидемијата ќе биде тоа колку помалку луѓе се инфицирани во ист временски период.

На почетокот на мерките бројот на инфекции бил зголемуван на секои три дена.

За да здравствениот систем не се оптовари неопходно е времето на зголемување да се наголеми на повеќе од десет дена.

Според германските власти, сега е најважно да се спречи заразување на медицинските работници бидејќи тие се најпотребни.