Руската полиција уапсила еден шаман од Сибир кој бил во мисија да го ликвидира претседателот Владимир Путин.

Секако, ликвидацијата не се случила, но шаманот е уапсен на пат да ја оствари својата мисија „да го убие демонот Путин“.

Александар Гамбишев тргнал на пат во март годинава и планирал во Москва да пристигне во 2021 година, но тој вчера е уапсен во руската република Бурјатија во источен Сибир додека кампувал со своите студенти покрај еден автопат.

Тој е вратен назад во Јакутија од каде што потекнува каде го барале за криминал, соопшти полицијата без да каже тоќно за каков криминал.

Еден од следбениците на шаманот објасни дека се се случило набрзина – дошла полицијата и веднаш влегла во шаторот на 51-годишниот шаман.

Тој планирал кога ќе пристигне во Москва да организира „церемонија на егзорцизам за демонот Путин“.

Господ вели дека тој е демон. Природата не го сака. Каде и да се појави таму има или поплави или тероризам“, изјавил во јули шаманот за телевизиската мрежа Дојд.

Во август тој пристигнал во Улан-Уде, главниот град на Бурјат и предизвикал тепачки затоа што другите шамани му забраниле да влезе во градот, а повеќе од неговите следбеници биле уапсени.