Епидемијата на пулмонарни заболувања поврзана со пушење електронски цигари се шири во САД – бројот на случаи од 380 се искачи на 530. Седум лица умреле од непозната болест за која се верува дека е поврзана со нешто што го содржи во електронските цигари. Случаите се регистрирани само во Америка.

Повеќе од половина од пациентите се на возраст под 25 години а две третини се мажи, вели Ен Шушат од Центарот за контрола и превенција за болести. Направени се анализи на 150 примероци но се уште не може да се најде виновникот за болеста која ги напаѓа белите дробови.