И покрај економскиот раст и рекордно ниската стапка на невработеност во Германија, 19 отсто од населението живее на работ на сиромаштија, објави Сојузната канцеларија за статистика.

Притоа, состојбата во споредба со 2016 година е подобрена, сè уште има 15,5 милиони граѓани на Германија, коишто живеат на работ на сиромаштија покажуваат бројките.

Во Германија тоа се однесува на оние граѓани кои месечно имаат на располагање помалку од 60 отсто од просечната плата. Конкретно, за едночлено домаќинство тоа значи 1.096 евра месечно, а за четворочлено семејство со две деца, 2.302 евра.

За акутно сиромашни се сметаат многу помaл број граѓани, односно 3,4 отсто. Акутно сиромашни се сметаат оние граѓани кои не се во состојба да платат кирија, греење или комунални трошоци.

Активистите бараат пошироки мерки против сиромаштијата, што би подразбирало и подобра регулација на пазарот на труд и намалување на обемот на работните места на одредено време.

Растечката благосостојба очигледно не ги зафаќа сите слоеви на општеството. Кога и покрај растечката економија сиромаштијата останува на високо ниво, време е да се прашаме што не е во ред, изјави претседателот на Здружението на заеднички социјални служби Улрих Шнајдер.