Пожар избувна на еден од моторите на Боинг 737 на дагестанската авиокомпанија Утер, кој требал да полета од Москва кон главниот град на Дагестан, Махачкала. Патниците забележале пламен непосредно пред полетувањето на авионот од аеродромот Внуково.

Патниците кои го забележале пожарот, а еден од нив и го снимил, биле евакуирани преку излезот за итни случаи. Од компанијата изјавија дека го испитуваат случајот.