Сопственичката на куќата во која се родил Адолг Хитлер ја тужеше Австрија бидејќи за нејзина национализација добила само 800.000 евра. Таа сметала дека сумата е премала и се жалела во судот за човекови права во Стразбур.
Куќата се наоѓа во местото Браунау и сопственичката ја проценила на 1,5 милиони евра.
Но судот но и Парламентот во Австрија не сметале така и донеле одлука дека таа сума е доволна. Целта на австриските власти е да се спречи секаков обид за величање на нацизмот и затоа куќата ќе добие друга намена.
Comments are closed for this post.