Во Вашингтон започна поставување на ограда околу Белата куќа. Ова се прави поради заштита од терористички напади. Оградата ќе биде висока четири метри а долга 1000 метри околу целиот објект.

Градбата ќе трае до 2021 година а дотогаш е поставена импровизирана ограда од кој туристите не можат да видат внатре во дворот на куќата што е синоним за американската политика и за домот на сите претседатели.