Најмалку 17 лица загинале а 24 се повредени откако се урна една седумкатница во изградба во градот Шиханкувил во Камоџа, објавија властите.

Спасувачите продолжуваат да трагаат по десетината исчезнати лица под урнатините.

Според агенциите, околу 1.000 лица – војници, полицајци, медицински песонал, учествуваат во спасувачката операција.

Зградата речиси била готова кога таа се урнала, а ја градела една кинеска компанија.

Причината за уривањето за сега не се знае. Властите уапсиле четири лица, меѓу нив и сопственикот на кинеската компанија и надзорникот на градилиштето.

Премиерот на Камбоџа, Хун Шен, изјави дека зградата се урнала заради „небрежност“.