Вкупно 28 лица биле повредени откако трамвај се првртел на една улица во главниот град на Португалија, Лисабон.

Несреќата се случила кога трамвајот возел на надолницата при што удрил во една зграда по што се превртел. Притоа биле повредени и неколку пешаци, а во трамвајот останале заглавени деситици патници.

На крајот е соопштено дека вкупно биле повредени 28 патници, но за среќа ниту еден не бил со посериозни повреди.