Четиригодишно дете и едно бебе се удавија денеска откако гумениот чамец во кој се превезувале мигранти и бегалци се превртел во грчките води во близина на Киос.

Фронтекс и грчката крајбрежна стража отпочнаа со голема акција за пронаоѓање и спасување со цел да се пронајдат четири лица кои се водат за исчезнати. Досега се спасени 12 лица, соопштија властите, вклучително пет мажи, три жени и три деца.

Според информациите кои се достапни во чамецот имало 18 луѓе.

Несреќата се случила во 11 часот кога е пронајден превртениот гумен чамец. Покрај крајбрежната стража и бродовите на Фронтекс, во потрагата учествуваат и грчки хеликоптери.