Двајца чешки туристи добиле казна од по три илјади евра затоа што се капеле во каналите во Венеција во близина на базиликата Свети Марко.

Полицијата била повикана од локални жители во моментот кога двајцата мажи се соблекле и влегле во во водата од каналот.

Кога се приближивме видовме двајца целосно голи мажи, како се смејат, шегуваат и привлекуваат внимание на минувачите – изјавиле полицајците.

Туристите се извиниле за капењето и се правдале дека им било многу жешко. Сепак, полицајците ги натерале Чесите веднаш да излезат од вода и да се облечат, а потоа ги однеле во полициска станица, каде што им била изречена казната од по 3.000 евра.