Саудиска Арабија се залага за градење сојуз со шест земји кои излегуваат на бреговите на  Црвеното Море и Аденскиот Залив, стратешка област од витално значење за светското морепловство.

Претставници на Египет, Џибути, Сомалија, Судан, Јемен и Јордан се собраа во Ријад за да разговараат за иницијативата, но засега без конечен договор. Наскоро се очекува средба експертски тимови во Каиро, кои ќе водат „технички разговори“.

На средбата во Ријад не присуствува Еритреја – земја со 1.150 километри крајбрежна линија на Црвеното Море и со островите во него. Исто така, нема ниту претставник од Етиопија, која нема пристап до морето, но е земја со најголема популација на Рогот на Африка.

Тоа е дел од напорите на кралството да ги брани своите интереси и интересите на своите соседи, да го стабилизираме регионот во кој живееме и да се обидеме да создадеме синергија меѓу различните земји тука – изјави саудискиот министер за надворешни работи, Адел ал Џубеир пред новинарите по денешните разговори зад затворени врати.