Матео Салвини излезе уште посилен на локалните избори, по неодамнешните европски – тој и неговата коалиција на десни партии (заедно со Форца Италија) победи во повеќето од 136. поголеми општини во земјата. Италијанските медиуми јавија дека и две упоришта на левицата Салвини ги освоил – по цели 69 години владеење на Ферара од страна на левицата, Лигата на Салвини таму победи, како и во второто левичарско упориште Форли.
Вкупно коалицијата на Салвини, во која е и Италијански браќа додаде на своето конто по вториот круг уште 7 градоначалнички места.
Движењето 5 Ѕвезди, кое е во владината коалиција, но на локалните избори настапи како конкурент, освои само еден провинциски град, додека Лигата фантастични 12 провониции.
Comments are closed for this post.