Бившиот претседател на СССР, Михаил Горбачов, негира дека имал учество во одредувањето на судбината на првиот заменик-директор на Курчатовскиот институт за атомска енергија и член на влафдината комисија за надминување на последиците од хаваријата во атомската централа Чернобил, Валери Легасов.

Според сценариото на истоимениот серијал во продукција на американскиот ТВ канал „HBO“ и британската ТВ мрежа „Sky“, Горбачов лично наредил Легасов да не биде удостоен со титулата Херој на социјалистичкиот труд, по што било спречено натамошното напредување на научникот.

Бившиот раководител на советската држава во емисија на радиото „Говори Москва“ изјави дека нема никаква врска со кариерата на атомскиот научник.

Не сум давал такви инструкции. И кој би дал освен мене? Тоа е измислица, рече Горбачов.

Горбачов не успеал да ја гледа последната епизода од „Чернобил“, зашто се наоѓа на лекување.