Одделот за трговија на САД наскоро може да ги намали рестрикциите кон „Хуавеј“, откако во четвртокот го ставија на црната листа, што речиси стана невозможно кинеската компанија да купи стоки направени во САД.
„Одделот за трговија може да издаде привремена општа дозвола за да им овозможи на компаниите и луѓето кои имаат опрема на „Хуавеј“ да ги користат нивните комуникациски мрежи и опрема“, соопшти портпаролот на одделот и додаде дека „општата дозвола нема да важи за нови трансакции“.
Од „Хуавеј“ се уште не ги коментираат последните случувања.
Одделот за трговија во четвртокот ја додаде кинеската компанија на листа на субјекти на кои им е забрането да прават бизнис без дозволи со американски компании за кои се верува дека се вклучени во активности спротивни на националната безбедност или интересите на надворешната политика на САД.
Comments are closed for this post.