САД се соочуваат со голем хакерски напад врз сајбер мрежите на американската влада и врз неколку приватни компании. Американската влада потврди дека се работи за „голем и долг“ кибер напад против нејзини мрежи, од страна на хакери за кои се верува дека работат за Русија и кои според првичните информации го следеле испраќањето на имејлови во Министерството за финансии на САД.

Американските медиуми повикувајќи се на свои извори изразија загриженост дека откриениот кибер напад може да биде само „врвот на ледениот брег“, односно дека се работи за континуирани хакирања на американски доверливи ифнормации кои во иднина можат разузнавачки да бидат злоупотребени и со тоа да се загрози американсата национална безбедност.

Оваа разузнавачка афера се смета за една од најголемите разузнавачки пропусти во историјата на САД, по 11 септемвриските настани и убиството на шефот на ЦИА во Авганистан 2010. Нападот многумина во САД пред се за медиумите и одредени конгресмени беше оценет како објавување војна. Обвинетата Русија засега не реагираше на овие обвинувања, односно ниту потврди ниту пак ги негираше обвинувањата.