Американското Министерство за правда одлучи да не покрене обвинение против основачот на Викиликс Џулијан Асанж поради неговата улога во откривањето на поедини тајни алатки на ЦИА за шпионирање, објави бриселскиот портал „Политико“, повикувајќи се на американски функционер и уште две лица запознаени со случајот.

Таквиот чекор ги изненадил експертите за национална безбедност и некои поранешни функционери, со оглед на неодамнешната одлука на обвинителството Асанж да го обвини за кршење на Законот за шпионажа – се наведува во Политико.

Во текстот се истакнува и дека ваквата одлука значи дека Асанж нема да се соочи со казна за јавна објава на дигитални шифри, познати како Волт 7, едни од најмоќните што ЦИА ги користела за хакирање апарати.

Тоа предизвика некои алатки да станат бескорисни за ЦИА и им обезбеди пристап на странски шпиони и хакери до тие алатки.