Еден од лидерите на руската опозиција Алексеј Навални можеби е затруен во притвор, изјави неговата долгогодишна докторка Амастасија Василјева откако го посетила во болница.

Таа рекла дека Навални отекло и дека има осип по лицето, што би можело да одговара на хемиско труење, пренесува Асошиејтед прес.

Лекарите кои претходно утврдиле дека се работи за алергиска реакција, одбиле да ги завршат неопходните тестирања, истакна Василјева и додава дека очекува да и биде дозволено Навални да го посети и денеска.

Навални издржува едномесечна казна заради повик на недозволени демонстрации. Во неделата е префрлен од затвор во болница.

Опозицискиот лидер е уапсен неколку дена пред протестот организиран во саботата, на кој се уапсени речиси 1400 лица.