Руски борбен авион „Су-27“ пресретнал на Балтичко море американски извиднички авион „РЦ-135“ објави руското Министерство за одбрана.

Американскиот авион е забележан додека летал над неутралните води на Валтичко море, приближувајќи се кон границиата со Русија, пренесува агенцијата Тасс.

Рускиот авион се приближил до американското летало на безбедна далечина и утврдил дека станува збор за извиднички авион РЦ-135, наведува рускот министерство.


Авионот РЦ-135 е воено надграден боинг 707, кој може да биде конфигуриран за неколку видови собирање разузнавачки информации, вклучувајќи фотографирање, нуклеарно следење и електронско шпионирање, истакнуваат руските медиуми.