Најмалку три лица загинаа, а 13 се ранети во руски ракетен напад врз јужниот украински пристанишен град Одеса извршен утрово, соопштија властите.

Русија истрела четири ракети од брод во Црното Море, објави на Телеграм Серхи Брачук, портпарол на воената администрација во регионот.

„Во напад врз магацин на малопродажен синџир загинаа тројца вработени, а седум беа ранети. Шест други лица беа ранети откако беа оштетени деловен центар, продавници и станбен комплекс во центарот на градот како резултат на воздушната борба и бранот на експлозијата“, рече тој.

Силите за воздушна одбрана соборија два проектила над градот, соопшти градската управа на апликацијата за пораки Телеграм. Засега не е јасно колку проектили биле насочени кон Одеса