Русија забрани увоз на редица производи од Украина-пченица, сончогледово масло, бонбони, зеленчуци, пиво, вино, трактори, хартија, турбини, мебел и многу други. Над 50 вида производи се ставени на соодветната листа, објавена на официјалниот сајт на руската влада, јавуваат медиумите.
Од Украина, исто така, е забрането да се увезуваат и чоколади, сокови, кавијар, риби и рибини конзерви, леб, тестенини, електрогенератори, турбини, трансформатори, кабли, средства за детска и женска хигиена итн.
Станува збор за стоки произведени во Украина или транспортирани преку нејзината територија.
Ова е соодветна мерка заради ограничените санкции од страна на Украина, објави на Твитер рускиот премиер Дмитриј Медведев.
Според руската влада, Москва може да ги укине економските мерки доколку Украина се откаже од претходно воведените санкции за конкретни руски производи. На 18 декември Киев го продолжи претходно воведеното ембарго на увоз на руски прехранбени производи до 2020 година.
Comments are closed for this post.