Европскиот суд за човекови права (ЕЦХР) соопшти дека не дозволи разгледување на жалбата на Русија и ја задолжи да исплати отштета во вредност од 37.000 евра на членките на панк групата „Пуси рајот“.

Претходно, оваа година, рускиот суд пресуди трите пејачки од бендот да бидат затворени поради јавен протест во 2012 година во познатата московска катедрала, што беше оценето како неоправдано, со оглед на тоа дека не било доволно истражено дали групата повикува на насилство, омраза или нетолеранција.

Со одлуката на Европскиот суд за човекови права, Русија треба да им исплати по 16.000 евра на Марија Алохина и Надежда Толоконикова, кои беа во затвор околу една година и девет месеци, а на Екатерина Самуцевич, која одлежа околу седум месеци, 5.000 евра за претрпена штета.

Трите жени беа осудени за протестна изведба на песна под наслов „Панк молитва“ во катедралата, облечени во тесна облека со маски кои ги откриваат само нивните очи и уста. Во песната се повикуваше „Дева Марија“ да го екскомуницира рускиот претседател Владимир Путин.