Руската војска ја разгледува можноста за за производство на линија на облека од интелегентна прекривка наменета за маскирање на воена опрема.

Прекривката во зависност од околината, може да ја менува бојата и да ги имитира сложените графички слики, на пример треперење на лист на ветррот. Оваа маска им овозможува на оклопните возила да останат невидливи за противниците во оптичкиот опсег, бидејќи војниците на некој начин ќе се претопат со околината која материјалот ќе ја имитира.

Предноста е што оваа прекривка не бара многу енергија: при менување на бојата, не повеќе од еднаш во секунда и ќе потроши од 4 до 20 вати енергија по квадратен метар материјал.