Руската војска од утре ќе почне со масовна воена вежба на своите стратегиски нуклеарни сили.
Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека тридневната воена вежба почнува утре и во неа ќе учествуваат 12.000 војници, 213 ракетни лансери, 105 авиони, 15 воени бродови и пет подморници.
Американските медиуми, повикувајќи се на соопштението на министерството, наведуваат дека вежбата ќе соддржи и практични лансирања на ракети.
Генерал-мајор Евгениј Иљин, шеф на одделението за меѓународна соработка во министерството, изјави дека две интерконтинентални балистички ракети ќе бидат лансирани врз цели што се наоѓаат на полуостровот Камчатка. Тој додаде дека и руските стрегиски бомбардери, исто така, ќе истрелаат крстосувачки ракети врз неколку цели.
Во последните неколку години Русија го прошири опсегот на воените вежби покради растот на тензиите со Западот
Comments are closed for this post.