Претседателот на Русија, Владимир Путин денеска предупреди дека Моска ќе биде приморана да започне со развивање на нуклеарни ракети со краток и среден дострел, доколку Вашингтон прв се одлучи на таков потег.
„Ние не се откажуваме од еднострани обврски, сите наши активности ќе бидат чисто реципрочни. Ова се однесува на развој, производство и распоредување ракети со среден и краток дострел. Додека не бидат распоредени американски ракети со среден дострел и краток дострел, ние нема да ги распоредиме нашите проектили“, објасни рускиот претседател.
Тој додаде дека не може да ја игнорира состојбата по повлекувањето на САД од Договорот за уништување на ракетите и рече оти верува дека треба да се продолжат целосните преговори за стратешка стабилност и безбедност, пренесува Ројтерс.
„Ние сме подготвени за ова без одлагање. Повлекувањето од договорот за уништување ракети под фиктивен изговор сериозно ја компликува ситуацијата во светот и создаде фундаментални ризици за сите“, смета рускиот претседател.
Путин нагласи дека за ситуацијата е целосно одговорна американската страна.
Comments are closed for this post.