Властите во Русија и во Украина најавија дека двете земји се подготвуваат за голема размена на заробеници.

Рускиот заменик министер за надворешни работи Григориј Карасин изјави дека двете земји разговараат за размена на 24 Украинци заробени во Азовско Море во декември минатата година.

Претходно, канцеларијата на главниот обвинител на Укрaина соопшти дека e извесно оти рускиот новинар, кој се наоѓа во притвор во Украина, ќе биде пуштен на слобода.

Рускиот пратеник за човекови права Светлана Москалкова пристигна во Украина каде што разговараше за затворениците со својот украински колега.

Активностите околу затворените Руси и Украинци следуваат по минатонеделниот прв телефонски разговор меѓу рускиот претседател Владимир Путин и шефот на украинската држава Володимир Зеленски.